
Свеста
е почеток на
секоја вистинска промена.
Интегративен пристап за регулација на нервниот систем, ослободување стрес, траума, ограничувачки уверувања и емоционални блокади.


Ослободи се од она што те блокира и врати се кон внатрешната рамнотежа, јасност и Мир.

Програми и пакети за личен развој
- Прочитај повеќе
Златен стандард во терапевтски и забавен пристап за ослободување стрес и тимско поврзување.
- Прочитај повеќе
Знаења и Техники за ослободување стрес, траума, сенки, анксиозност и заглавени емоции.
Што е следно ?


Не можеме секогаш да го промениме светот околу нас. Затоа Слободата доаѓа со промена на перцепцијата и начинот на кој го доживуваме светот.

Јас Сум

Како Сертифициран Јога учител, создавам простор за враќање кон телото, здивот и внатрешниот мир. Преку праксата на видови Јога, ги поддржувам луѓето да изградат подлабока врска со своето тело, да најдат баланс и да живеат посвесно.
Како Сертифициран Тренер за Позитивна Психологија, ги водам луѓето кон откривање и негување на нивните внатрешни ресурси, сили и потенцијали. Вистинската промена започнува кога ќе ја препознаеме сопствената предност, инспирација и ќе избереме да живееме со намера и благодарност.
Како Сертифициран НЛП Мастер Тренер, им помагам на луѓето да ги препознаат и трансформираат ограничувачките уверувања, да дознаат што всушност се уверувањата, да изградат нови перспективи и да создадат усогласеност меѓу мислите, емоциите и дејствата.
Како Духовен водич, држам простор за подлабоко Себеспознавање, насочувам кон самостојно внатрешно исцелување, медитативна и енергетска практика за освестување на вертикалната директна конекција со Изворот. Го поддржувам секој човек на своето уникатно патување кон автентичност, мир и интеграција, и согласно праксата ја моделирам.
Како Говорник, ја споделувам мојата порака на начин да е јасна, свесна и мотивирачка, оставајќи простор за нови, изменети и уште посвесни согледувања и споделувања.
Сите споменати во комбинација со семејните улоги на мајка, сопруга, ќерка, сестра, пријател, придонесуваат за плодно тло, од кое растат плодови на длабоки разбирања, повисоки перспективи и сочувство. Во суштината на сè што правам е знаењето дека секој човек ја носи во себе мудроста, силата и потенцијалот за длабока трансформација односно Себеспознание. Мојата мисија е да бидам поддршка, фасилитатор, простор и инспирација на тој пат, како пријател пред сè.
Низ моето 6 годишно искуство во работа со луѓе преку часови, работилници, индивидуални сеанси и повеќе од 14 години посветена работа на себе, јас сум специјализирана да ве потсетам како да управувате и се ослободите од стресот, сенките, траума, анксиозност, ограничувачки уверувања и емоционални отпори, преку практикување видови јога, медитација, моќна соматска работа, психолошки и енергетски техники, современи научни информации и есенцијални, архаични духовни знаења.
Името Јога Свест Терапија се однесува на длабоко поврзани полиња кои укажуваат на:
-
Јога како Холистички приод или Целовитост при работењето
-
Свест како хипероним за сè она што значи работа со Свеста и
-
Терапија како етимолошкото значење на зборот, а тоа е грижа, нега и служба на другиот.
Грижлив, терапевтски пристап на работа, а тоа значи дека нема магично апче, туку нештото процветува со посветеност, повторување и работа со тело, ум и Свест.
Напомена: Сите текстови и слики на сајтот се во негова сопственост, и е забрането копирање, преработување или реобјавување. Програмите наведени не претставуваат психотерапевтски или медицински третман.









